Покрај декриминализација и департизација на институциите, потребна е коренита промена во базите на податоци кај сите институции, кои треба да станат меѓусебно компатибилни и затворени за злоупотреба од службените лица.
Повеќе →Истражувањето е базирано на деск-анализа и на интервјуа со стручњаци, креатори на јавното мислење и политичари. Во подготовката на овој документ учествуваа: м-р Бојан Маричиќ, м-р Љупчо Петковски, Билјана Бејкова и Христена Антовска Јованчева.
Повеќе →Само лани, според статистиките, 96.500 вакви малолетници стaсале во Западна Европа, од кои една третина станале бело робје…
Повеќе →НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“ распишува конкурс за новинарски стории. Новинарските стории треба да се однесуваат на некоја од следниве теми: демографија, миграции, попис, избирачки список.
Повеќе →На дебатата се дискутираше за актуелните прашања и предизвици поврзани со процесот на прочистување на избирачкиот список – дали е возможно Македонија да добие кредибилен избирачки список за само неколку месеци, каков е квалитетот на базите на податоци и како тече нивното вкрстување, како ќе се одвиваат теренската проверка и процедурата на бришење или соодветно обележување на сомнителните гласачи на избирачкиот список, како ќе се одвива процесот на проверка на личните фотографии кои треба да бидат составен дел на избирачкиот список, дали ДИК ќе биде соодветно екипирана со времените вработувања.
Повеќе →Истражувањето се однесува на постојните модели на спроведување пописи (традиционален, базиран на регистри и комбиниран) и нивната применливост, иницирано од најавата на Премиерот за „електронски попис“ во државата, на евентуалната поврзаност на пописот со прочистувањето на избирачкиот список, како и на можните начини за ефикасно прочистување на избирачкиот список.
Повеќе →Премиерот во оставка, Никола Груевски, според 48 граѓански организации и иницијативи, нема никаков кредибилитет да подготви и да спроведе каков било попис на населението. Најавите дека Владата ќе набави софтвер за електронско пребројување на населението, се несериозни и покажуваат дека таа е подготвена да направи сè за да го минира спроведувањето на Договорот од Пржино и да го осуди на неуспех…
Повеќе →Во моментов најважно е да се фокусираме на целосно и темелно прочистување, па дури и да се направи целосно нов избирачки список. Вклучувањето на граѓанските организации и активисти е многу важно…
Повеќе →НВО Инфоцентарот, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Центарот за развој на медиуми и Здружението 8-ми Септември, од почетокот на мај годинава продолжува со активностите за засилување на јавниот притисок за нужноста од креирање и спроведување квалитетни и недискриминаторски демографски политики, за прочистување на избирачкиот список и за забрзување на подготовките за спроведување попис на населението.
Повеќе →Точно три години од пропаднатиот попис и цели 14 години од последното спроведување на најголемата статистичка операција, Македонија и натаму останува единствена земја во Европа која нема направено попис. И по толку време останува нејасно зошто во земјава се уште не се спроведува попишувањето, дали е тоа поради немањето доволно капацитет или пак отсуство на политичка волја.
Повеќе →