Поврзете се со нас

Објавени резултатите од Пописот 2021: Во државава живеат 1.836.713 граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) на 30 март 2021, го објави првиот сет обработени податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, спроведен во периодот од 5 до 30 септември 2021 година.

Според податоците во Северна Македонија живеат 1.836.713 граѓани, од кои 58.44% се изјасниле како Македонци, 24.3% како Албанци, 3.86% Турци, 2.53% Роми, 0.47% Власи, 1.30% како Срби и 0.87% како Бошњаци. Од нив, 50.4% се жени, а 49.6% мажи, покажува првиот сет податоци од Пописот. По две децении од одржувањето на последниот попис во 2002 година, бројот на жители во земјата е намален за 185.834 лица или за 9,2 проценти.

Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % имаат 40-44 години. Куриозитет е што во Северна Македонија е попишани се 51 лица постари од 100 години.

Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други.

Во однос на јазикот, 61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албанскиот, 3.41 % турскиот, 1.73 % ромскиот, 0.17 %, влашкиот, 0.61 % српскиот и 0.85 % босанскиот јазик.

Бројот на домаќинства во земјата изнесува 598.632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.06. Пописот покажува дека е зголемен бројот на домаќинствата и на становите во споредба со претходниот попис.

Во Скопје живеат 526.502 граѓани, што е зголемување од 3.9% во споредба со пописот од 2002 година. Бројот на домаќинства е зголемен за 16.8 проценти, а бројот на станови пораснал за 30.6 проценти.

Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку интернет-апликација. Оваа можност ја искористиле 258.932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјасниле како Македонци, 66.42 % како Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Северна Македонија.

Деталните податоци од Пописот 2021 можете да ги најдете во Макстат базата на интернет-страницата на Државниот завод за статистика (ДЗС), каде што во наредниот период ќе се објавуваат сетови финални податоци од Пописот 2021.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar