Поврзете се со нас

Пописот завршува утре, попишани 1,7 милиони граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека до утрово, до 7.30 часот,  попишани се вкупно 1.760.194 граѓани, 546.080 домаќинства и 789.406 станови.

Освен на терен пописот се спроведува и во пописните канцеларии, во сите општини, како и во просториите на Државниот завод за статистика.

Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС:

https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Можноста за самопопишување на нашинци од дијаспората, досега ја искористиле 201.247 граѓани.

Пописот почна на 5 септември, а завршува утре во 20 часот.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar