Поврзете се со нас

За нас

Во 2021 година, Северна Македонија, по речиси две децении, конечно ќе спроведе попис на населението.

Попис Kонечно е интернет-страница на НВО Инфоцентарот, која беше креирана во 2014 година, во рамки на кампањата „Попис веднаш“ и која сега ја редизајниравме за да им овозможиме на граѓаните да бидат што е можно поквалитетно, сеопфатно и постојано информирани за процесот на попишување во 2021 година, но и за тоа дека пописот на населението е исклучително важна статистичка операција за развојот на државата.

Пописите на населението во комплексните општества даваат длабок увид во состојбата на теренот и обезбедуваат основни податоци врз кои се темели креирањето на политиките и развојните стратегии во различни области – економија, социјална политика, образовна политика, здравство, регионален развој, земјоделство, политички систем и др.

Северна Македонија ќе спроведе попис на населението по 19 години и оттаму, од исклучително значење е граѓаните да имаат доверба во процесот кој треба да биде успешно реализиран во согласност со сите меѓународни стандарди.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar