Поврзете се со нас

Податоците од Пописот 2021 ќе бидат јавни и ќе се пребаруваат интерактивно

 

Според планот за објавување на податоците од Пописот 2021, Државниот завод за статистика најавува дека тие ќе бидат објавени во т.н. Цензус хаб – интерактивна база слична на Макстат-базата на податоци, од која корисниците сами ќе можат да си креираат табели според сопствените потреби.

Оваа значи дека базата ќе биде јавна и дека ќе може да се пребарува според параметри што го интересираат секој корисник индивидуално.

Од Државниот завод за статистика  најавуваат дека ќе биде објавена публикација со избор на клучните податоци од Пописот 2021.

Имајќи предвид дека станува збор за електронско собирање на податоците, ДЗС очекува тие да бидат обjавени во  законски предвидениот рок односно најдоцна до март 2021.

Податоците од сите досегашни пописи на територијата на нашата земја се веќе достапни во Макстат-базата на податоци.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентарот во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во прилогот му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar