Период на мониторинг: 5 – 17 септември 2021
– Медиумите главно известуваа за тоа како се одвива процесот на попишување на населението и кои се најважните информации од терен.
– Високи 66.8% од вкупниот број анализирани содржини се однесуваа на пописните активности.
– За разлика од пролетниот период, кога во известувањето доминираа политичко-партиските реакции, сега тие опфатија само 17.6% од прилозите.
– ДЗС се јавува како извор на информации во 77% од прилозите.
– Информациите од ДЗС наметнаа претежно техничко известување и притоа забележливо беше отсуството на подобра контекстуализација и анализа на овие податоци.
– Медиумите секојдневно ги објавуваа информациите од државните институции дека пописот се одвива безбедно и успешно, наспроти хакерските напади, техничките проблеми, најавите за можен бојкот, како и новот пандемиски бран.
– Медиумите со критички однос кон власта постапно се фокусираа на здравствените ризици, техничката подготвеност и стручниот капацитет на институциите за спроведување на пописот.
– Во дел од медиумите, информирањето на јавноста за пописот имаше и етничка димензија.
– Во медиумите со про-опозициски приод имаше прилози за можностa пописот да се соочи со бојкот.
– Информациите за наводен бојкот на пописот, почнаа позасилено да се објавуваат во текот на втората недела од пописот
Интегрален извештај на македонски и англсиски јазик II Monitoring Izvestaj Popis 2021 II Monitoring Izvestaj Popis 2021 EN