Поврзете се со нас

Пописот завршува вечерва во 20 часот – до вчера над 1,8 милиони попишани


До претпоследниот ден на пописот, 29 септември до 20 часот, според податоците на Државниот завод за статистика попишани се вкупно 1.813.153 граѓани, 562.110 доќаинства и 822.575 станови.

Вечерва во 20 часот завршува процесот на попишување и пописната апликација се затвора. ДЗС ги повика оние граѓани кај кои уште не поминал попишувач самите да се пријават во некоја од канцелариите.

Уште денеска нашинците во дијаспората ќе може да се самопопишат на апликацијата на ДЗС. Потоа следува обработка на податоците.

Според ДЗС, во некои општини веќе нема попишување на терен, а некои од комисиите се раздолжуваат со опремата.

Пописот почна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември во 20 часот.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar