Дебата на 24 вести, на тема „Зошто Македонија не може да спроведе попис?“. Домаќин Душица Мрѓа, соговорници Дончо Герасимовски, статистичар и поранеше директор на Заводот за статистика, Афердита Хаџијаха Имери експертка за социјална вклученост и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.
Повеќе →Владата и без да направи попис многу добро ја знае старосната структура на населението во Македонија, смета професорката Фросина Ременски. Според нејзе, сите популистички мерки на Владата кон старите лица, јасно покажува дека старите лица се најбројната категорија во Македонија особено ако се земат предвид истражувањата на сериозни меѓународни институции кои покажуваат дека во последните осум години Македонија ја напуштиле без малку половина милион граѓани.
Повеќе →Македонија својот развој го планира според податоците од 2002 година. После прекинатиот попис во 2011, нема најава за одржување нов попис во скоро време. И покрај тоа што не постои политичка волја, невладините организации потсетуваат на предностите на точните податоци за миграцијата, инфраструктурата, образованието и старосната структура на населението во Македонија.
Повеќе →Интервју за значењето, препораките и спроведувањето на пописо, со Дончо Герасимовски, демограф со богато четириесетгодишно искуство и поранешен директор на државниот Завод за статистика.
Повеќе →Интервју со Марјан Забрчанец, долгогодишен активист и актуелен извршен директор на Младинскиот образован форум (МОФ), за проблемите во креирањето образовни политики без точна демографска структура на младите во Македонија.
Повеќе →Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации и експертите.
Повеќе →Интервју со Арсим Зеколи, аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Виена, и амбасадор на ОБСЕ во Туркменистан, за загубите што ги трпи Македонија од неспроведувањето попис.
Повеќе →Оваа анализа претставува обид да се согледаат причините заради кои Пописот 2011 не успеа во Македонија, но уште повеќе да се согледаат причините заради кои пописот на населението е исклучителна важна статистичка операција за државата и за нејзиниот развој.
Повеќе →Пописот не значи пребројување на населението по етничка основа, туку е статистичка операција која дава увид во состојбата на теренот и обезбедува релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат понатамошните политики и стратегии во сите области, оваа поента беше истакната на вчерашната дебата во Струмица „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“.
Повеќе →Утре, 4 јуни 2014, во Струмица, со почеток во 18 часот, во х. Тивериопол ќе се одржи дебатата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.
Повеќе →