Поврзете се со нас

Уште три дена попис – досега попишани над 1,6 милион граѓани


До крајот на пописот остануваат уште три дена. Заклучно су утрово попишани се вкупно 1.619.857 лице, 503.491 домаќинства и 711.695 станови.

Можноста за самопопишување на нашинци од дијаспората, досега ја искористиле 198.589 граѓани.

Граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика.

Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС:

https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Од ДЗС ги повикаа граѓаните да ја исполнат својата граѓанска и законска должност и да се попишат.

Пописот трае до четврток, 30 септември.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar