Како земја членка на Обединетите нации, со Резолуција 2005/13 Република Македонија е обврзана да спроведе попис.
Повеќе →Анализата на покривањето на Пописот 2011 година, покажа дека медиумите редовно информираа за подготовките на пописот, за несогласувањата и оставките во Државната пописна комисија, за различните толкувања на Законот за попис, за тоа кои лица треба да бидат опфатени со пописот и со кои документи ќе се врши идентификација на лицата кои се попишуваат,за структурата и недоволниот број на попишувачи, за реакциите на опозицијата околу пописот, како и за прекинот на пописот. Новинарите главно ги регистрираа овие случувања, но многу малку или воопшто не ги коментираа и анализираа. Ретко вклучуваа мислења на експерти и главно пренесуваа изјави на официјални претставници директно вклучени во пописот.
Повеќе →Интервју со Афердита Имери, од регионалната организација „Лабораторија за општествени иновации“, за недостатокот од релевантни податоци во креирањето социјални политики.
Повеќе →Зошто во Македонија не може да се спроведе регуларен попис и зошто тој се гледа главно низ етничката призма беа главните прашања кои се дискутираа на денешната дебата во Тетово насловена „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.
Повеќе →Пописот на населението и домувањето (или пописот на населението, домаќинствата и становите) е најмасовна статистичка акција според бројот на учесниците и најобемна според бројот на статстичките единици кои треба да се опфатат. Пописот има за цел да се соберат, обработат и дисеминираат деталните статистички податоци за населението,
Повеќе →Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година беше донесен на 30 ноември 2010 година, со указ на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Повеќе →Уште додека Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија беше во процедура, можеше со голема сигурност да се претпостави дека претстојниот попис ќе се соочи со бројни и сериозни политички турбуленции и пречки, и дека воопшто нема да биде третиран само како нужен статистички процес на една држава.
Повеќе →За да ја поттикнеме и да ја засилиме јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово скорешно спроведување, започнавме со реализација на проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“, во чии рамки се одвива кампањата „Попис веднаш!“.
Повеќе →Интервју со Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија, за недовербата на граѓаните во податоците на единствениот избирачки список.
Повеќе →