Поврзете се со нас

Попишани речиси 1,7 милиони граѓани, остануваат уште два дена од Попис 2021

Вкупно 1 695 549 лица, 526 605 домаќинства и 752 916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 199 819 граѓани од дијаспората.

Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС)  им овозможи на граѓаните да можат да се попишат на одредни локации во нивните општини.

Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт.

Денеска е 24-от ден од пописот 2021 кој започна на 5 септември и до крајот (30 септември) остануваат уште два дена пописни активности.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar