Поврзете се со нас

Податоците од Пописот 2021 ќе бидат обработени според европски стандарди

Државниот завод за статистика (ДЗС) почнува да се подготвува за вториот дел од Пописот 2021 односно за обработката на добиените податоци од теренското попишување во земјава и од самопопишувањето на дијаспората во странство.

Според најавите на ДЗС, обработката на податоците ќе се одвива според сите европски стандарди и во строго разработени фази.

За таа цел, Завод подготви посебна програма за обработка и објавување на податоците. Според ДЗС, станува збор за „документ кој е работен во рамки на проект на Европската Унија и во кој се разработени процедурите и фазите (чекорите) во обработката на податоците, по завршувањето на теренските активности, се до објавувањето на податоците“.

Откако ќе заврши собирањето на податоците следуваат пет чекори:

1.Спојување на сите бази во кои се прибрани податоци:

– од терен (во земјата),

– од самопопишувањето во странство,

– од претпописната база на податоци

– базата на државјани од МВР и

– базата за гранично управување (преминувања преку граница/влез-излез).

2 Интеграција на сите податоци според матичен број

3. Проверка на сите матични броеви кои се појавуваат по неколкупати и одредување на точниот запис.

4. Креирање матрица во која според строго дефинирани параметри се одредува статусот на секое попишано лице односно дали :

–  присутно во местото на живеење,

– присутно во местото на живеење помалку од една година,

– присутно во МК, но во друго место на живеење повеќе од една година,

– во странство помалку од една година,

– во странство повеќе од една година.

5. Вкрстување на податоците за домаќинства и станови

Како шти информира ДЗС, целиот процес на обработка на податоците е автоматизиран, без каква било можност за влијание од човечки фактор. Исто така, обработката на податоците ќе биде доверлива и ќе ја реализираат исклучиво лица кои поседуваат специјални сертификати за работа со лични податоци.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентарот во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во прилогот му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar