Поврзете се со нас

Статии

Завршна дебата „Пописот е демократија а не само етничка бројка“

Завршна дебата „Пописот е демократија а не само етничка бројка“

Владата и без да направи попис многу добро ја знае старосната структура на населението во Македонија, смета професорката Фросина Ременски. Според нејзе, сите популистички мерки на Владата кон старите лица, јасно покажува дека старите лица се најбројната категорија во Македонија особено ако се земат предвид истражувањата на сериозни меѓународни институции кои покажуваат дека во последните осум години Македонија ја напуштиле без малку половина милион граѓани.

Повеќе

Наташа Љубецкиj: Без попис нема успешен развој на земјоделството

Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список. За тоа говори и Наташа Љубецки, агроном со долгогодишно искуство во развојни проекти во земјоделството и руралниот развој.

Повеќе

Ал Џезира Балкан: Македонија го планира развојот според пописот во 2002 година

Ал Џезира Балкан: Македонија го планира развојот според пописот во 2002 година

Македонија својот развој го планира според податоците од 2002 година. После прекинатиот попис во 2011, нема најава за одржување нов попис во скоро време. И покрај тоа што не постои политичка волја, невладините организации потсетуваат на предностите на точните податоци за миграцијата, инфраструктурата, образованието и старосната структура на населението во Македонија.

Повеќе

Дончо Герасимовски: Квалитетни мерења можат да се постигнат само со деполитизиран попис

Интервју за значењето, препораките и спроведувањето на пописо, со Дончо Герасимовски, демограф со богато четириесетгодишно искуство и поранешен директор на државниот Завод за статистика.

Повеќе

Пописот не им оди во прилог на политичките елити

Пописот не им оди во прилог на политичките елити

Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации и експертите.

Повеќе

Арсим Зеколи: На долг рок, без попис, државата губи кредибилност и релевантност

Интервју со Арсим Зеколи, аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Виена, и амбасадор на ОБСЕ во Туркменистан, за загубите што ги трпи Македонија од неспроведувањето попис.

Повеќе

Анализа: Пописот е демократија, а не само етничка бројка

Оваа анализа претставува обид да се согледаат причините заради кои Пописот 2011 не успеа во Македонија, но уште повеќе да се согледаат причините заради кои пописот на населението е исклучителна важна статистичка операција за државата и за нејзиниот развој.

Повеќе

Пописот е основа за креирање политики во сите области

Пописот е основа за креирање политики во сите области

Пописот не значи пребројување на населението по етничка основа, туку е статистичка операција која дава увид во состојбата на теренот и обезбедува релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат понатамошните политики и стратегии во сите области, оваа поента беше истакната на вчерашната дебата во Струмица „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“.

Повеќе

Дебата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“ во Струмица

Дебата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“ во Струмица

Утре, 4 јуни 2014, во Струмица, со почеток во 18 часот, во х. Тивериопол ќе се одржи дебатата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.

Повеќе

Меѓународна основа за спроведување пописи

Како земја членка на Обединетите нации, со Резолуција 2005/13 Република Македонија е обврзана да спроведе попис.

Повеќе

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar