Поврзете се со нас

Дебата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“ во Струмица

Утре, 4 јуни 2014, во Струмица, со почеток во 18 часот, во х. Тивериопол, ќе се одржи дебатата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.

Јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување се организира во рамките на истоимениот проект кој го реализира НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Дискусијата ќе ја модерира Елена Симоноска од НВО Инфоцентарот, а панелисти ќе бидат Бојан Маричиќ, Цветанка Иванова, Јоже Христов и д-р Катица Кузмановска.

Оваа дебата е дел од граѓанската кампања „Попис веднаш!“, во чии рамки ќе бидат организирани дебати и во Тетово, Битола, Струга и Скопје.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar