Поврзете се со нас

Меѓународна основа за спроведување пописи

Во јули 2005 година, Економскиот и социјалниот совет (ECOSOC) при Обединетите нации усвои резолуција (2005/13 [1]) со која се повикуваат “земјите-членки да спроведат попис на населението и домувањето и да ги дисиминираат резултатите од пописот како суштински извор на информации за планирање и развој за мали области, nа национално, регионално и меѓународно ниво; да им обезбедат пописни резултати, како на националните засегнати страни, така и на Обединетите нации и други соодветни меѓународни организации, за да им помогнат во проучувањето на населението и животната средина, на прашањата и програмите за социо-економски развој. ”

Меѓународени препораки и документи, релевантни за спроведување на попис:

–       United Nations Statistics Division, “Principles and Recommendations for Population and Housing Censuses Revision 2“, Statistical papers Series M No. 67/Rev.2, United Nations, New York, 2008 (познати како “World Census Recommendations“)

–       United Nations Economic Commission for Europe “Conference оf European Statisticians Recommendations for the 2010 Censuses of Population and Housing” (prepared in cooperation with the Statistical Office of the European Communities -EUROSTAT), United Nations, New York and Geneva, 2006[2]

–       Regulation (Ec) No 763/2008 of the European Parliament and of the Council of 9 July 2008 on population and housing censuses (Text with EEA relevance)

Како земја членка на Обединетите нации, Резолуција 2005/13, за нашата земја, има обврзувачки карактер. ЕУ регулативата 763/2008 е со обврзувачки карактер за земјите од European Economic Area (Исланд, Лихтенштајн, норвешка и земјите членки на ЕУ, без Хрватска која има аплицирано за членство, но се уште не е ратификувана од земјите членки). Но, иако, ЕУ регулативата нема обрзувачки карактер за Република Македонија, официјалната статистика треба да ја има предвид при планирање на попис, заради стратешката определба на државава за членство во ЕУ, како и заради обврските за доставување податоци кон Еуростат што ги имаме како земја кандидат.

 

[1] http://www.un.org/docs/ecosoc

[2] http://www.unece.org/stats/census

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar