Поврзете се со нас

Арсим Зеколи: На долг рок, без попис, државата губи кредибилност и релевантност

Arsim ZekolliЗошто пропадна пописот во 2011-та? Кое е вашето мислење?

Не би рекол дека има само една или две причини, туку е повеќе склоп на околности кои не беа поволни за владејачките партии. И двете парии настапија со агенда да се одреди бројот на етничките заедници, односно бројот на граѓаните според етничка припадност, агенда врз основа на која ќе можат да си ги кројат плановите за партиски политики. На тоа се надолни и потполно партизираната и непрофесионална администрација надлежна за спроведување на пописот и така целата операција стана дел од сцената партизирани интереси кои се прикажуваат како административни процедури.

Што губи државата со тоа што нема спроведено попис?

Една нормална држава, со неспроведување попис губи многу. Една држава, ставена во абнормална ситуација со овој начин на владеење, не губи премногу на краток рок, но на долг рок губи кредибилност и релевантност на меѓународна сцена заради тоа што не е способна да определи службени податоци за сопствените состојби, нема точна претстава за трендовите на развој, нема претстава што се случува во подрачјата во општеството во кои што се потребни корекции или зајакнувања или градење нови профили кои ќе ја унапредат сеопштата општествена состојба. На меѓународен план, сите податоци кои се земаат за нашата земја се ставаат под сомнеж. Може да ви илустрирам со ситуацијата во Туркменистан, каде што меѓународните организации имаа големи резерви кон податоците кои се претставуваа од страна на државните органи, заради тоа што се беше ставено во функција на државата, а не во функција да се прикаже реалната состојба во општеството.

Дали сметате дека може да има алтернативни начини за  собирање на важните податоци кои обично се добиваат од пописот и кои се тие доколку има?

Алтернативните начини веќе постојат. Во една строго партизирана држава со пренагласен акцент на улогата на полицијата, верувам дека органите на безбедноста ги имаат податоците за севкупното население, но може да кажам дека за 90 отсто од населението имаат конкретни податоци. Всушност, тоа може да се примети и во секој изборен циклус, кога на чуден начин партиите знаат кој како ќе се ориентира, па дури и за членовите од семејствата тоа им е познато. Тоа е машинерија во функција на произведување изборен продукт наменет за политичките партии. Верувам дека во овој момент, Владата или институциите, поточно кажано полицијата, имаат податоци за точниот број население, бројноста по етничка основа, по верска основа, партиска основа. Истото важи и за економскиот сектор и за социјалната слика во земјава. Но тоа се податоци за политичка употреба и злоупотреба, а не научно статистички прифатливи параметри кои ја даваат точната и прецизна крвна слика на општеството.

Донатори

USAID

FOOM

Напомена

Интернет - страницата е дел од проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондација Отворено општество Македонија.
Информациите објавени на оваа интернет - страница не се официјални информации на Владата на САД и не ги претставуваат погледите и позициите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на САД.

Партнери

NVO Infocentar CRM
 
8-mi Septemvri MCET