
На 1 април, поточно за три дена, во 8 часот наутро ќе започне Пописот на населението, становите и домаќинствата во земјава. Попишувањето ќе трае до 21 април, до 20 часот.
Попишувачите ќе бидат на терен секој ден од 8 до 20 часот. Доколку не ве пронајдат дома, попишувачот ќе остави белешка кога повторно ќе дојде на вашата адреса.
Првата фаза од Пописот во кој беа попишани бездомнциите, затворениците и притворените лица, дипломатите и припадниците на АРМ во странство заврши.
Попишувачите ќе користат комбиниран метод на попишување што значи теренски ќе собираат податоци и ќе ги проверуваат во десет регистри на различни институции во државава.
Конечните податоци се очекуваат во август годинава.
На апликацијата за самопопишување досега се попишани над 160 илјади лица и таа бројка секојдневно расте.
Процедурата за попишување ќе трае во просек 20 минути и ќе се спроведува во согласност со здравствените протоколи за попишување кои ги изготви Комисијата за заштита од заразни болести.
Во државава нема спроведено попис цели 19 години и ние сме единствена европска земја во која речиси две децении нема точни податоци за населението, становите и домаќинствата.
Пописот е важна статистичка операција бидејќи со податоците државата ќе може да планира идните политики: изградба на учиишта, инфраструктура, миграции, ќе може да се планираат локални развојни политики и сл.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.
Фото: НВО Инфоцентар




