Поврзете се со нас

Симовски: Резултатите од Пописот ќе бидат обработени до крајот на август

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, очекува конечните податоци од Пописот да бидат готови четири месеци по завршување на процесот.

„Согласно Законот за попис ние имаме шест месеци рок да ги објавиме конечните податоци. Меѓутоа, очекуваме и работиме на тоа да бидат многу порано. Нашите очекувања се некаде во текот на август, крајот на август да излеземе со конечни податоци и се надеваме дека тоа ќе можеме да го оствариме“, изјави Симовски на работилницата за новинари, во рамки на активноста „Статистика, не политика – Попис 2021“, спроведувана од НВО Инфоцентар.

Симовски додаде дека обработката на податоците од Пописот 2021 ќе се одвива побрзо во споредба со претходните пописи, бидејќи се користи нова технологија и нема да има хартиени прашалници.

„Прашалниците се електронски и попишувањето ќе биде со лаптопи. Ова ни дава можност многу побрзо да завршиме и да ангажираме многу помал број лица кои ќе ја вршат обработката. Обработката ќе ја вршат лица вработени во Државниот завод за статистика кои се исклучиво компетентни и обучени за тоа. Значи, ќе биде многу пократка обработката и нема да биде година и пол до две како што било претходно“, заклучи Симовски.

 

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar