Поврзете се со нас

Ако попишувачот не ве најде дома, со белешка ќе ве извести кога пак ќе дојде

Доколку попишувачот не ги најде дома лицата кои треба да ги попише ќе остави белешка кога повторно ќе дојде на таа адреса. Ова во изјава за Плусинфо го потврди директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.

Според Симовски: „Доколку попишувачот на точната адреса не најде никој од семејството дома, тој има обврска да остави белешка, кога точно повторно ќе дојде на таа адреса, а тоа може да се случи, и три или четири пати“.

Директорот на ДЗС посочи дека работното време на попишувачите е од 8 до 20 часот и поради тоа препорача лицата кои треба да бидат попишани на истата белешка да остават точна саатница кога ќе бидат дома за попишувачот да дојде.

Симовски кажа и дека речиси 30 проценти од граѓаните не живеат на адресите кои им се во личната карта, поради нивни лични причини. Сепак, попишувачите ќе имаат обврска да ги лоцираат и да ги попишат на адресата каде што можат да ги најдат или тоа ќе го стори друг попишувач во друг реон или општина.

Ако едно семејство има два стана, а семејството живее во едниот од нив, тоа ќе биде од големо значење за креирањето на развојната политика на општината во која што живеат, така што локалните власти ќе имаат точен увид во бројот на жители во таа општина.

Пописот на населението, домаќинствата и становите, пак, треба започне за помалку од 10 дена, односно на 1 април.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar