Поврзете се со нас

Новости

Демографијата – квалитет на живеење, а не само бројки

НВО Инфоцентарот, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Центарот за развој на медиуми и Здружението 8-ми Септември, од почетокот на мај годинава продолжува со активностите за засилување на јавниот притисок за нужноста од креирање и спроведување квалитетни и недискриминаторски демографски политики, за прочистување на избирачкиот список и  за забрзување на подготовките за спроведување  попис на населението.

Повеќе

24 вести: Јубилеј од неуспешниот попис

Точно три години од пропаднатиот попис и цели 14 години од последното спроведување на најголемата статистичка операција, Македонија и натаму останува единствена земја во Европа која нема направено попис. И по толку време останува нејасно зошто во земјава се уште не се спроведува попишувањето, дали е тоа поради немањето доволно капацитет или пак отсуство на политичка волја.

Повеќе

24 Анализа: Зошто Македонија не може да спроведе попис?

Дебата на 24 вести, на тема „Зошто Македонија не може да спроведе попис?“. Домаќин Душица Мрѓа, соговорници Дончо Герасимовски, статистичар и поранеше директор на Заводот за статистика, Афердита Хаџијаха Имери експертка за социјална вклученост и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Повеќе

Завршна дебата „Пописот е демократија а не само етничка бројка“

Завршна дебата „Пописот е демократија а не само етничка бројка“

Владата и без да направи попис многу добро ја знае старосната структура на населението во Македонија, смета професорката Фросина Ременски. Според нејзе, сите популистички мерки на Владата кон старите лица, јасно покажува дека старите лица се најбројната категорија во Македонија особено ако се земат предвид истражувањата на сериозни меѓународни институции кои покажуваат дека во последните осум години Македонија ја напуштиле без малку половина милион граѓани.

Повеќе

Наташа Љубецкиj: Без попис нема успешен развој на земјоделството

Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список. За тоа говори и Наташа Љубецки, агроном со долгогодишно искуство во развојни проекти во земјоделството и руралниот развој.

Повеќе

Ал Џезира Балкан: Македонија го планира развојот според пописот во 2002 година

Ал Џезира Балкан: Македонија го планира развојот според пописот во 2002 година

Македонија својот развој го планира според податоците од 2002 година. После прекинатиот попис во 2011, нема најава за одржување нов попис во скоро време. И покрај тоа што не постои политичка волја, невладините организации потсетуваат на предностите на точните податоци за миграцијата, инфраструктурата, образованието и старосната структура на населението во Македонија.

Повеќе

Дончо Герасимовски: Квалитетни мерења можат да се постигнат само со деполитизиран попис

Интервју за значењето, препораките и спроведувањето на пописо, со Дончо Герасимовски, демограф со богато четириесетгодишно искуство и поранешен директор на државниот Завод за статистика.

Повеќе

Пописот не им оди во прилог на политичките елити

Пописот не им оди во прилог на политичките елити

Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации и експертите.

Повеќе

Арсим Зеколи: На долг рок, без попис, државата губи кредибилност и релевантност

Интервју со Арсим Зеколи, аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Виена, и амбасадор на ОБСЕ во Туркменистан, за загубите што ги трпи Македонија од неспроведувањето попис.

Повеќе

Анализа: Пописот е демократија, а не само етничка бројка

Оваа анализа претставува обид да се согледаат причините заради кои Пописот 2011 не успеа во Македонија, но уште повеќе да се согледаат причините заради кои пописот на населението е исклучителна важна статистичка операција за државата и за нејзиниот развој.

Повеќе

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar