Поврзете се со нас

Над 190 илјади граѓани од дијаспората се самопопишаа

Иако попишувањето е одложено, самопопишувањето продолжува. Од 1 март кога почна  самопопишувањето, заклучно со 24 мај вкупно се самопопишале над 190 илјади граѓани од дијаспората, поточно 190.045.

Убедливо најмногу попишани (приближно 70%) според евиденцијата на Државниот завод за статистика има од три европски држави. Најмногу има од Швајцарија и тоа 62.371. Потоа следуваат Германија со 43.211 и Италија со 26841 самопопишани иселеници.

По овие три држави најмногу самопопишани од европскиот континент има од Австрија, Белгија, Данска, Норвешка…

Од останатите места во светот, во САД се самопопишале над 8000 нашинци, во Австралија над 2400. Помал број попишани има oд државите во Африка и тоа, Боцвана, Замбија, Танзанија…

Според евиденцијата на Државниот завод за статистика, од 1 март до 29 март, преку електронската апликација, се самопопишале над 171 иселеници, што значи дека самопопишувањето продолжило со намален интензитет. Од 29 март се попишале уште 20 илјади нашинци низ светот.

Собранието доцна вечерта на 2 април ги донесе измените на Законот за попис, со што статистичката операција што првично беше планирана да почне на први април, се одложи за пет месеци, односо за периодот од 5 до 30 септември.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar