Поврзете се со нас

Пописот 2021 одложен за септември

 

Собранието доцна вечерта на 2 април ги донесе измените на Законот за попис, со што статистичката операција што првично беше планирано да почне на први април, се одложува за пет месеци,  односо за периодот од 5 до 30 септември.

Измените и дополнувањата на законот беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Немаше воздржани.

Според податоците кои на 2 април ги објави Државниот завод за статистика, во странство се самопопишале 178.572 лица.

Процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората ќе трае до крајот на одржувањето на пописот во септември.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar