Во моментов најважно е да се фокусираме на целосно и темелно прочистување, па дури и да се направи целосно нов избирачки список. Вклучувањето на граѓанските организации и активисти е многу важно…
Повеќе →НВО Инфоцентарот, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Центарот за развој на медиуми и Здружението 8-ми Септември, од почетокот на мај годинава продолжува со активностите за засилување на јавниот притисок за нужноста од креирање и спроведување квалитетни и недискриминаторски демографски политики, за прочистување на избирачкиот список и за забрзување на подготовките за спроведување попис на населението.
Повеќе →Точно три години од пропаднатиот попис и цели 14 години од последното спроведување на најголемата статистичка операција, Македонија и натаму останува единствена земја во Европа која нема направено попис. И по толку време останува нејасно зошто во земјава се уште не се спроведува попишувањето, дали е тоа поради немањето доволно капацитет или пак отсуство на политичка волја.
Повеќе →Дебата на 24 вести, на тема „Зошто Македонија не може да спроведе попис?“. Домаќин Душица Мрѓа, соговорници Дончо Герасимовски, статистичар и поранеше директор на Заводот за статистика, Афердита Хаџијаха Имери експертка за социјална вклученост и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.
Повеќе →Владата и без да направи попис многу добро ја знае старосната структура на населението во Македонија, смета професорката Фросина Ременски. Според нејзе, сите популистички мерки на Владата кон старите лица, јасно покажува дека старите лица се најбројната категорија во Македонија особено ако се земат предвид истражувањата на сериозни меѓународни институции кои покажуваат дека во последните осум години Македонија ја напуштиле без малку половина милион граѓани.
Повеќе →Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список. За тоа говори и Наташа Љубецки, агроном со долгогодишно искуство во развојни проекти во земјоделството и руралниот развој.
Повеќе →Македонија својот развој го планира според податоците од 2002 година. После прекинатиот попис во 2011, нема најава за одржување нов попис во скоро време. И покрај тоа што не постои политичка волја, невладините организации потсетуваат на предностите на точните податоци за миграцијата, инфраструктурата, образованието и старосната структура на населението во Македонија.
Повеќе →Интервју за значењето, препораките и спроведувањето на пописо, со Дончо Герасимовски, демограф со богато четириесетгодишно искуство и поранешен директор на државниот Завод за статистика.
Повеќе →Интервју со Марјан Забрчанец, долгогодишен активист и актуелен извршен директор на Младинскиот образован форум (МОФ), за проблемите во креирањето образовни политики без точна демографска структура на младите во Македонија.
Повеќе →Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации и експертите.
Повеќе →













