Поврзете се со нас

Прес на ДЗС: Одложување на пописот не е опција


На прес-конференцијата за тековните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите, портпаролката на Државниот завод за статистика, Јасмина Ѓоргиева соопшти дека во дијаспората досега се самопопишале 121.580 државјани.

Повторно беше упатен повик до граѓаните кои живеат во странство да земат учество во Пописот 2021, нагласувајќи дека станува збор за едноставен, брз и безбеден статистички процес.

Во однос на активностите во државата, Ѓоргиева соопшти дека викендов заврши дополнителниот конкурс за попишувачи и пријавени се над 2.600 попишувачи или околу 800 повеќе од потребниот број. Таа изјави дека започнуваат тестирањата, по што ќе се добијат финалните резултати и ќе се изготват решенијата за ангажирање на попишувачите.

Во следните денови продолжува дистрибуцијата на материјалите за пописните комисии, а почнува и обуката на реонските инструктори.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, рече дека учеството во пописот е задолжително.

„Учеството е задолжително. Кривично се одговара за поттикнување на бојкот на оваа најважна статистичка операција. За тие што ќе одбијат да се попишат ќе биде почната прекршочна постапка, а казните се до 300 евра“, изјави портпаролот Арсовски и посочи дека одложување на пописот не е опција.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar