Поврзете се со нас

Над половина милион попишани граѓани за девет дена


Во првите девет дена од Пописот попишани се над 500 илјади граѓани. Тоа значи дека во просек дневно се попишуваат над 55 илјади граѓани.

Најголем дел од попишаните 500 илјади граѓани се во неделите на 12 септември – 111 186 лица и на 5 септември – 94.975 лица.

Пописот 2021 е на една третина од предвидените 26 дена пописни активности и се одвива добро, со исклучок на привремените технички проблеми на почетокот, кои беа надминати со апдејт на софтверот.

Можноста за самопопишување на лица во странство, заклучно со вчерашниот ден ја искористиле – 192.538 лица.

ДЗС информира дека за сите дилеми и нејаснотии кои граѓаните ги имаат во врска со процесот на попишување, можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar