Поврзете се со нас

ДЗС: Пописот продолжува со нормален интензитет


Државниот завод за статистика преку соопштение ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со нормален интензитет и темпо.

Апелираат до граѓаните „со доверба да ги примат попишувачите во нивните домови и да ги дадат потребните податоци, а сè со цел успешна реализација на овој статистички процес“.

Во врска со шпекулациите околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности, оттаму велат дека проблемите при вакви операции се нормални, но се надминуваат во најкус рок.

„При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок“, велат оттаму.

Од ДЗС информираа и дека зад оваа статистичка операција „стои експертски тим за поддршка кој  им е постојано на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем“.

Пописот на граѓаните, становите и домаќинствата почна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar