Истражувањето се однесува на постојните модели на спроведување пописи (традиционален, базиран на регистри и комбиниран) и нивната применливост, иницирано од најавата на Премиерот за „електронски попис“ во државата, на евентуалната поврзаност на пописот со прочистувањето на избирачкиот список, како и на можните начини за ефикасно прочистување на избирачкиот список.
Повеќе →Оваа анализа претставува обид да се согледаат причините заради кои Пописот 2011 не успеа во Македонија, но уште повеќе да се согледаат причините заради кои пописот на населението е исклучителна важна статистичка операција за државата и за нејзиниот развој.
Повеќе →Анализата на покривањето на Пописот 2011 година, покажа дека медиумите редовно информираа за подготовките на пописот, за несогласувањата и оставките во Државната пописна комисија, за различните толкувања на Законот за попис, за тоа кои лица треба да бидат опфатени со пописот и со кои документи ќе се врши идентификација на лицата кои се попишуваат,за структурата и недоволниот број на попишувачи, за реакциите на опозицијата околу пописот, како и за прекинот на пописот. Новинарите главно ги регистрираа овие случувања, но многу малку или воопшто не ги коментираа и анализираа. Ретко вклучуваа мислења на експерти и главно пренесуваа изјави на официјални претставници директно вклучени во пописот.
Повеќе →Уште додека Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија беше во процедура, можеше со голема сигурност да се претпостави дека претстојниот попис ќе се соочи со бројни и сериозни политички турбуленции и пречки, и дека воопшто нема да биде третиран само како нужен статистички процес на една држава.
Повеќе →







