Поврзете се со нас

Осум дена до крајот на Пописот – Досега попишани над 1,2 милиони граѓани


Еден милион, 212 илјади и 339 граѓани попишале попишувачите заклучно со 21 септември во 20 часот, соопшти Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, попишани се 378 илјади и 33 домаќинства и вкупно 516 илјади и 787 станови.

Toa значи дека во просек дневно се попишуваат нешто под 60 илјади граѓани.

Заклучно со вчера самопопишани граѓани од дијаспората има 193.982 нашинци.

До крајот на најголемата статистичка операција во државата остануваат уште осум дена, кога на 30 септември и официјално треба да заврши процесот на попишување. Потоа следува обработката и објавата на пописните податоци.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar