
Државниот завод за статистика соопшти дека денеска (09.09.2021) Пописот е прекинат поради надминување на помали технички проблеми.
„Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување“, соопштија од Државниот завод за статистика.
Уверуваат дека и покрај прекините на Пописот, оваа важна статистичка операција успешно ќе заврши до крајот на месецот.
Сите податоци кои досега се внесени, како што информираа оттаму, успешно се процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават за процесот да продолжи со несмален интензитет.
„Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја“, велат од ДЗС.
За четири дена колку што трае попишувањето, евидентирани се повеќе од 200 илјади граѓани во Северна Македонија.
Пописот започна на 5 септември, а треба да трае до 30 септември.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




