
За два дена од теренскиот попис, според податоците на интернет-страницата на Државниот завод за статистика, попишани се 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови, заклучно со податоците за 6 септември, до 20 часот.
Тоа значи дека во вториот ден од пописот, во кој имаше и технички проблеми, биле попишани 41.798 граѓани.
Во меѓувреме, тече и самопопишувањето на нашинците од дијаспората. Самопопишани лица во странство до утрово во 7 часот и 30 минути се 191.890 граѓани.
Пописот ќе трае до крајот на месецот и се спроведува по цели 19 години. На терен се 5.000 попишувачи во 50 пописни реони.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




