Поврзете се со нас

Започнува кампањата „Попис веднаш!“

Popis Vednas [ Logo ] maloПописот е исклучително значајна и суштинска статистичка операција која Македонија мора да ја спроведе. Неговото натамошното одложување штетно  влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето на успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.

Имајќи го предвид сето ова, спроведувањето на пописот на населението во Македонија не смее да остане заложник на политиката која оваа статистичка операција ја сведе на етничко пребројување односно на тоа, колку Македонци, а колку Албанци и други етнички заедници живеат во Македонија

Kампањата ќе трае до крајот на јуни 2014, ќе бидат реализирани дебати во Тетово, Струмица, Струга, Битола и во Скопје. Овој проект гореализираат, НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Донатори

USAID

FOOM

Напомена

Интернет - страницата е дел од проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондација Отворено општество Македонија.
Информациите објавени на оваа интернет - страница не се официјални информации на Владата на САД и не ги претставуваат погледите и позициите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на САД.

Партнери

NVO Infocentar CRM
 
8-mi Septemvri MCET