Поврзете се со нас

За една недела попишани се над 300.000 лица и над 95.000 домаќинства

Заклучно со 11 септември, попишани се вкупно 308.551 лица, 95.040 домаќинства и 130.107 станови. Само на 11 септември биле попишани 114.308 лица.

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, и ги извести граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за попис, како и на телефонските броеви објавени на интернет- страницата на заводот.

Едновремено, ДЗС апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит попишувачите и да им ги даде потребните податоци, бидејќи попишувачите кои се на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика и се целосно обучени за оваа активност.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar