Поврзете се со нас

За две недели попишани речиси 1 милион граѓани


Државниот завод за статистика соопшти дека до синоќа до 20 часот попишани се вкупно 955.1151 лица, 297.089 домаќинства и 402.768 станови

Пописот почна на 5 септември и е на половина од процесот, кој завршува на 30 септември.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, тврди дека нема проблеми во процесот на попишување и сѐ се одвива со посакуваниот интензитет. Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица. Поголема бројка на попишани, според Симовски, има за време на викендите.

Паралелно со Пописот во земјава продолжува самопопишувањето на македонските граѓани во странство и досега тоа го сториле 193.370 граѓани.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar