Поврзете се со нас

Вакцинираните ќе имаат предност при изборот на попишувачи

Вакцинацијата нема да биде услов за избор на попишувачи за пописот во септември, но кандидатите кои ќе бидат вакцинирани најверојатно ќе имаат поголеми шанси да бидат селектирани:

„Имајќи предвид дека вакцинирањето е на доброволна основа, не постои можност тоа да биде услов за избор на попишувачи, но сепак вакцинираните кандидати ќе имаат одредена предност, секако заедно со резултатите од тестирањето“, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Едновремено, имајќи предвид дека дел од населението до септември ќе биде вакцинирано, според ДЗС, практично ќе нема причина граѓаните да одбијат да се  попишат: „Имајќи ја предвид сегашната ситуација со пандемијата, темпото на вакцинација и летната сезона, сметаме дека во септември, пандемијата нема да биде причина за евентуално одбивање на попишувањето“.

Заводот, исто така, очекува и промена на анти-ковид протоколите за попишување, затоа  што, состојбата со коронавирусот е подобра и пандемијата, барем засега, се повлекува.

„Очекуваме дека некаде кон средината на август, Комисијата за заразни болести ќе препорача протокол кој ќе биде соодветен за ситуацијата која ќе владее во тој период“, истакнуваат од Државниот завод за статистика.

Од ДЗС стигнуваат и информации дека вработените се заинтересирани за вакцинирање и дека голем дел од нив веќе примиле прва доза од вакцината. Во текот на август ќе има прецизна слика за бројот на вакцинирани вработени во Заводот.

Собранието доцна вечерта на 2 април ги донесе измените на Законот за попис, со што статистичката операција што првично беше планирана да почне на први април, се одложи за пет месеци, односо за периодот од 5 до 30 септември.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar