Поврзете се со нас

Усвоен Законот за попис на населението во 2021 година

На 21 јануари 2021 година, со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“, Собранието го донесе Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година. За пописот гласаа и 29 пратеници припадници на етничките заедници.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.

Според последниот попис на населението од 2002 година, во Македонија имало 2.022.547 жители.

Во 2011 година почна да се спроведува попис, кој беше прекинат, откако претходно членовите на Пописната комисија поднесоа оставки.

Главната новина во Пописот 2021 година е тоа што ќе се спроведува преку т.н комбиниран метод, што значи истовремено попишување на терен со интервју „лице в лице“, но и со користење податоци од електронски регистри, односно бази на податоци.

Пописот ќе трае 20 дена и ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. За иселениците, затворениците, бездомниците пописот започна на 1 март

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar