
Државниот завод за статистика ги информира граѓаните и корисниците дека поради постојани напади врз двете интернет-страници, stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk, услуги им се времено недостапни.
„Се работи на отстранување на пречките. Ги замолуваме нашите корисници и граѓаните да имаат разбирање за оваа ситуација и очекуваме наскоро повторно да сме достапни“, пишува во сопштенито што ДЗС го споделија на нивната страница на Фесјбук.
Во меѓувреме, за сѐ што имаат ќе ја известуваат јавноста на нивниот профил на Фејсбук креиран за Пописот.
Од ДЗС информираа дека бројот на попишани граѓани секојдневно расте. Според последните податоци, бројот на попишани граѓани е над половина милион, заклучно со вчера.
Од дијаспората се самопопишале над 190 илјади граѓани.
ДЗС извести и дека постојано се достапни на телефонските броеви на инфо центарот за Пописот: 070/335-406, 071/483-641, 071/483-293 и 075/402-335.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




