Поврзете се со нас

Што треба да знаете за пописот: Слика за степенот на писменост и образование на населението

Пописот ќе обезбеди податоци за тоа какво е нивото на писменост, но и степенот и видот на образование на населението. Пописот, на пример, ќе ја даде сликата за тоа колкав број од населението во државава е неписмено или нема завршено никаков степен на образование.

Од попишувачите ќе добиете прашање за тоа кој е вашиот највисок степен на завршено образование, како и кое е полето на вашето образование. Доколку сте завршиле средно образование, на пример, ќе треба да наведете дали станува збор за гимназија, техничко, медицинско училиште и др.

Според Методологијата за попишување нема разлика дали образованието е стекнато со завршување на редовно образование или на школа која го заменува редовното школување (на пример: училиште за образование на возрасни), односно, нема разлика  дали образованието е стекнато со полагање испити во редовна школа или со завршување на програма за скратено школување.

Завршените курсеви за кои нема свидетелство за редовна школа (како на пример, курс за книговодители, за јазик и др.), не се земаат предвид во пописот.

Ако лицето посетувало или завршило некоја школа во странство, како одговор треба да се наведе соодветната школа во земјата. Доколку тоа не е можно, треба да се внесе соодветниот степен на школата, односно дали станува збор за основно или средно училиште, виша или висока школа, факултет, академија и др.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar