Поврзете се со нас

Што треба да знаете за пописот: Ќе се собираат податоци за проблемите на лицата со попреченост

Здравствениот систем и социјалните институции не располагаат со детални и  сеопфатни податоци за сите лица кои имаат определени сетилни или телесни ограничувања. Со пописот се опфаќа целото население, па податоците што ќе се соберат ќе бидат добра основа за градење квалитетни политики и практики на еднакви можности за сите особено за лицата со посебни потреби.

Она што е важно е дека прашањата за попреченоста не се собираат за да се утврди здравствена состојба, туку за да се увиди како тешкотиите кои ги чувствуваат овие лица влијаат врз нивното нормално извршување на секојдневните активности, односно врз нормалното одвивање на нивниот социјален / општествен живот.

Лицата со попреченост се изложени на поголем ризик во споредба со општото население зашто се соочуваат со бројни пречки и нееднакви можности.

Во оваа категорија на граѓани ќе се попишат луѓето кои се соочуваат со ограничувања во основните функционални активности, како што се одењето или слушањето, дури и ако таквите ограничувања се намалуваат со користење на помагала или на други начини.

Прашањата од овој дел на пописниот прашалник не се однесуваат на старите лица кои имаат одредени тешкотии во извршувањето на секојдневните активности единствено поради старост, како и лицата кои имаат времени ограничувања во извршувањето на секојдневните активности.

Сетот прашања за лицата со попреченост е изготвен во согласност со меѓународните препораки.

 

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar