Поврзете се со нас

Што треба да знаете за пописот: Ќе се попишуваат сите згради и годината кога се изградени

Во пописот ќе има сет прашања за видот на живеалиште. Понудените одговори ќе бидат: станбена, нестанбена зграда, зграда за колективно живеење, друга населена просторија.

Треба да се има предвид дека зграда е секој градежен објект што има покрив и четири самостојни ѕидови кои се протегаат од земјата до покривот, со еден или повеќе влезови (со еден или повеќе куќни броеви), а е изградена за во неа да се живее, да се врши некоја дејност или да се чуваат материјални добра.

Попишувачите ќе треба да евидентираат колку катови имаат зградите и во која година биле изградени.

За објектите кои се санирани или претрпеле поголеми градежни промени, ќе се внесува годината кога се завршени градежните активности. Ако во една зграда становите се изградени, доградени или реконструирани во различни периоди, тогаш овој податок ќе биде различен за секој стан посебно.

Едно од прашањата ќе се однесува и на материјалот од кој е изграден носечкиот систем на зградата. Понудените одговори се – бетон и армиран бетон, челик, бетонски блокови, тули, камен, монтажни дрвени панели, слаб градежен материјал.

Попишувачите ќе постават и прашања за тоа дали зградата има лифт, енергетски ефикасна фасада и пристап за лица со попреченост.

 

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar