Поврзете се со нас

Што треба да знаете за пописот: Ќе се попишуваат сите станови во државава

Пописот ќе ги опфати сите станови во земјата, наменети за живеење, без разлика дали тие се користат за постојано живење, за времено живеење (одмор, рекреација, сезонски работи), или пак се ненаселени.

Ќе се попишат и сите други видови простории или објекти кои не се станови, но за време на пописот се користат за живеење (други населени простории, населени деловни простории, импровизирани живеалишта и колективни живеалишта).

Во пописот ќе влезат и колективните станови (домови и хотели за самци, домови за пензионери, стари и изнемоштени лица, студентски домови, манастирски конаци и др.).

Попишувачите ќе ве прашаат и дали станот е во приватна, државна или мешовита сопственост, но ќе може да се пополни и категоријата – непознато, доколку сопственоста на станот не одговара на претходно понудените одговори.

Прашањето за статусот на населеност се однесува на тоа дали станот е населен за време на пописот или не. Ако станот е ненаселен (празен или за друга намена) се наведува причината зошто не е населен.

Ќе се попишува бројот на станари односно лица на кои станот (живеалиштето) им е вообичаено место на живеење, но и бројот на лица кои се членови на домаќинството.

Попишувачите ќе ве прашаат колкава е вкупната површина на станот, што претставува збир на корисните површини на сите простории вклучувајќи ги и лоѓиите, покриените тераси, балконите и отворените тераси. Во вкупната површината се вклучуваат и бањите и тоалетите кои се наоѓаат надвор од станот доколку се опремени и имаат инсталација.

Кујната, доколку ја има како посебна просторија во станот, се исклучува од бројот на соби и се одговара на посебно прашање – дали има кујна, дали е надвор од станот или пак, воопшто нема кујна.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar