Поврзете се со нас

Што треба да знаете за пописот: Ќе се попишуваат пет типови семејства

Според Методологијата на Пописот 2021, семејството може да биде составено од најмалку две лица (нема едночлено семејство).

Семејство e социолошка категорија и е дефинирано како заедница на две или повеќе лица кои живеат во исто домаќинство и кои се поврзани преку брак, друг вид на регистрација или договорна заедница (т.е. невенчани) или како родител и дете/деца. Семејството се состои од пар без деца, или пар со едно или повеќе деца, или самохран родител со едно или повеќе деца. Кај семејствата со деца, важен момент е децата никогаш да не биле во брак.

Оттаму, при попишувањето ќе се разликуваат следниве пет типови семејства:

  • Брачен пар без деца;
  • Брачен пар со дете/деца кои никогаш не биле во брак;
  • Родители (партнери што не се во брак) со дете/деца кои никогаш не биле во брак;
  • Мајка со дете/деца кои никогаш не биле во брак;
  • Татко со дете/деца кои никогаш не биле во брак.

Попишувачите ќе поставуваат и прашања за класифицирање на семејствата според големината, вкупниот број на членови и според вкупниот број на деца кои живеат во семејството.

Класификација ќе се прави и според типот на семејството. Според Методологијата, постојат опции за самечко, повеќечлено семејно (со едно или повеќе семејства) домаќинство или повеќечлено не семејно домаќинство.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar