Поврзете се со нас

Што треба да знаете за пописот: Ќе се попишуваат домаќинствата


Според Методологијата за Попис 2021, домаќинството е економска категорија и се дефинира како група лица кои живеат заедно, во ист стан и заеднички ги трошат своите приходи.

Домаќинствата може да бидат самечки (само едно лице) или повеќечлени. Тие може да бидат семејни (едно или повеќе семејства), несемејни (составени од лица кои не се во семејни релации) или комбинирани (составени од лица кои формираат семејство и лица кои не се членови на семејство).

Со попишувањето ќе се добијат податоци за релациите во домаќинствата, но само за приватните (индивидуални) домаќинства. За колективните домаќинства нема да се собираат ваков вид податоци.

Односите меѓу членовите во приватното домаќинство ќе се утврдуваат врз основа на релациите со еден член на домаќинството (таа/тој кој прв ќе се попише) и кој ќе го добие статусот „носител на домаќинството“. За сите останати членови на домаќинството ќе се утврдува односот спрема тоа лице, на пример, сопруг/сопруга, ќерка/син, мајка/татко, друг роднина, не-роднина, и др.

Индивидуалните домаќинства ќе се класифицираат и по големина, според вкупниот број членови на домаќинството (едночлено, двочлено, тричлено, итн.).

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar