
Државниот завод за статистика објави дека бројот на попишани заклучно со 16 септември во 20 часот е 800.008 попишани граѓани.
Попишани се 249.500 домаќинства и 336109 станови.
193.168 нашинци од дијаспората се самопопишале.
Пописот трае до 30 септември.
Државниот завод за статистика уште еднаш ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Оттаму велат: „Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци“.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




