Поврзете се со нас

Прва фаза на Пописот 2021: Попишани се 350 бездомници

Заврши попишувањето на бездомните лица. Првичината бројка е околу 350 лица кои се сместени во центрите во Визбегово и Чичино село. Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Пописот на бездомните лица е целосно завршен. Попишани се сите кои се сместени во објектите за кои што Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика“, рече министерката.

Таа потсети дека пописот е елементарна статистичка операција, исклучително важна за Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство кое се грижи за ранливите категории лица.

Речиси 20 години не се знае точниот број граѓани чии проблеми се адресираат преку овој ресор.

Пописот, како што кажа, ќе даде реална слика не само за потребата од нови градинки, пензионерски домови, туку и за дневни центри за лица со попреченост.

 

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar