
Државниот завод за статистика на својата интернет страна ги објави најновите резултати од досегашниот процес на попишување. До вчера до 20 часот попишани се вкупно 711418 граѓани, 221268 домаќинства и 297085 станови.
Паралелно со Пописот во земјава, продолжува самопопишувањето на македонските граѓани кои живеат и работат во странство и тоа досега го сториле 193054 лица.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, утрово изјави дека темпото на попис е подобро од очекуваното.
-Просекот е околу 100.000 граѓани на дневно ниво, вели Симовски.
Тој информира дека пописот се одржува насекаде, дека нема посебен распоред на урбани или рурални средини.
Симовски рече дека веб-страницата на ДЗС е цело време под напади, но тоа не го попречува процесот на попишување.
Пописот на населението, домаќинствата и становите завршува на 30 септември.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




