
Вкупно 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.827 лица.
Од ДЗС велат дека одбивањата на луѓето да се попишат досега се малубројни, а техничките проблеми со кои се соочуваше пописниот процес се надминати.
За сите дилеми и нејаснотии кои граѓаните ги имаат во врска со процесот на попишување, можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




