Поврзете се со нас

Одложувањето на пописот се уште не е усвоено од Собранието

 

Пописот на лицата, домаќинствата и становите кој требаше да започне на 1 април,  по лидерската средба на премиерот Зорана Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на 29 март, е одложен за септември.

Иако, Премиерот го најави одложувањето на пописот за 5 септември, тој се уште не е официјално одложен односно  Собранието се уште не ги усвои измените на Законот за попис.

Се уште не е познат датумот кога ќе се одржи седницата на која треба да се усвојат законските измени.

Според најавите, пописот треба да започне на 5 септември и да трае до 30 септември 2021 година.

Главната причина за одложување на пописот е новиот бран заболени од Ковид-19 во земјава, но и најавите на опозицијата дека ќе повика на бојкот на пописот доколку тој се спроведе во април.

 

Фото: НВО Инфоцентар

 

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar