Дваесетина новинари од локалните и регионалните медиуми, како и дописници од локалните заедници во државава, на 24 март, учестуваа на онлајн работилница посветена на претстојниот Попис на населението, становите и домаќинствата, во организација на НВО Инфоцентарот.
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и Јасмина Ѓоргиева, портпаролка во оваа институција, одговорија на бројните прашања на новинарите, кои главно се однесуваа на подготовките за теренско попишување на населението, за безбедноста на попишувањето, за текот на самопопишувањето на иселените лица, како и за обработката и заштитата на пописните податоци.
Работилницата беше организирана во рамки на активноста „„Статистика, не политика – Попис 2021“, спроведувана од НВО Инфоцентар, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.