Поврзете се со нас

НВО Инфоцентар: Работилница за пописот за локалните новинари

Дваесетина новинари од локалните и регионалните медиуми, како и дописници од локалните заедници во државава, на  24 март, учестуваа на онлајн работилница посветена на претстојниот Попис на населението, становите и домаќинствата, во организација на НВО Инфоцентарот.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и Јасмина Ѓоргиева, портпаролка во оваа институција, одговорија на бројните прашања на новинарите, кои главно се однесуваа на подготовките за теренско попишување на населението, за безбедноста на попишувањето, за текот на самопопишувањето на иселените лица, како и за обработката и заштитата на пописните податоци.

Работилницата беше организирана во рамки на активноста „„Статистика, не политика – Попис 2021“, спроведувана од НВО Инфоцентар, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar