Поврзете се со нас

Над 130 илјади граѓани попишани за два дена

За два дена од теренскиот попис, според податоците на интернет-страницата на Државниот завод за статистика, попишани се 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови, заклучно со податоците за 6 септември, до 20 часот.

Тоа значи дека во вториот ден од пописот, во кој имаше и технички проблеми, биле попишани 41.798 граѓани.

Во меѓувреме, тече и самопопишувањето на нашинците од дијаспората. Самопопишани лица во странство до утрово во 7 часот и 30 минути се 191.890 граѓани.

Пописот ќе трае до крајот на месецот  и се спроведува по цели 19 години. На терен се 5.000 попишувачи во 50 пописни реони.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar